[ФОТО] Раскошната убавица го заведе згодниот фудбалер: Повторно со причина се зборува за нејзините облини

Супермен

16/04/2026

07:32

5.261

Големина на фонт

а а а

Веста дека Килијан Мбапе и Естер Експозито се во врска сè уште не е официјално потврдена, но гласините стануваат сè почести.

Познатиот фудбалер Килијан Мбапе наводно е вљубен во шпанската актерка Естер Експозито, која доби најголема популарност во серијата на Нетфликс „Елита“.


Младиот пар е виден во јавноста неколку пати, а тоа не го криеја за време на Неделата на модата во Париз. Потоа папараците ги фатија на романтична вечера за време на која изгледаа многу интимно, и тоа беше доволно за да започнат гласините.

Со оглед на тоа што Мбапе никогаш не зборува за својот приватен живот, сигурно е дека ниту сега нема да зборува за новата врска, па затоа не е изненадувачки што нема ниту потврда ниту демант.


Која е Естер Експозито?

Естер веднаш го украде целото внимание со својата убавина и прекрасните облини, а за оние кои не се обожаватели на серијата „Елита“, младата Шпанка е позната и по други улоги. Своите први телевизиски улоги ги имала во 2016 година во сериите „Центро Медико“ и „Виз а Ви“.


Покрај тоа, Естер има голем број следбеници на социјалните мрежи, зад неа стојат бројни успешни соработки со различни брендови, па затоа е препознатлива како глобална инфлуенсерка.

Естер не пропушта престижни модни настани, како што е Неделата на модата во Париз, па затоа не е ни чудо што познатиот фудбалер не остана имун на неа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk