Култната англиска марка се враќа, познато е и името на новиот модел

Точка

16/04/2026

08:00

2.598

Големина на фонт

а а а

Последниот автомобил го произведоа уште во 2011 година, а сега се враќаат со опасен спортски модел.

Повторното раѓање на брендот "Jensen" е чекор поблиску до реалноста. "Jensen International Group" го откри името на својот нов спортски автомобил – ќе се вика "Interceptor GTX", а првиот поглед на моделот пристигнува наскоро.

"Jensen International Automotive" го користи името "Interceptor", кое не е непознато за љубителите на оваа марка. Токму тој модел во текот на 1960-тите и 1970-тите ја зацврсти репутацијата на "Jensen" како производител на луксузни „grand tourer“ автомобили. Во изминатите петнаесет години тие работеа исклучиво на реставрации на Interceptor модели.


Новиот модел е инспириран од оригиналот, но од компанијата нагласуваат дека не станува збор за модернизирана репродукција на стар автомобил, туку за целосно нов и уникатен проект.

Од компанијата порачуваат дека автомобилот е развиен за да конкурира на моделите на брендот „Aston Martin“.


Директорот на компанијата, Дејвид Дуерден, изјави дека моделот, претставен 60 години по оригиналниот Interceptor, ќе ги спои традиционалната изработка и модерната технологија.

„Jensen Interceptor GTX за 2026 година ги комбинира традиционалниот начин на изработка и модерната технологија и јасно го покажува својот современ карактер. Со нетрпение очекуваме наскоро да го претставиме првиот прототип, претпродукциски модел со високи перформанси кој ќе го забрза пулсот и ќе го однесе "Jensen" во сосема нова ера“, рече Дуерден.


Алуминиум и V8

Новиот Interceptor GTX ќе користи алуминиумска шасија и рачно изработена алуминиумска каросерија.

Под хаубата ќе се наоѓа специјално развиен V8 мотор, но техничките детали засега не се познати. Повеќе информации се очекуваат кога "Jensen" ќе го претстави претпродукцискиот модел, веројатно во текот на вториот квартал од оваа година.

"Jensen" така станува уште еден британски производител кој се обидува да се врати на пазарот на луксузни спортски автомобили.