Официјално доделени наградите „Златно Тркало 2026“

Точка

16/04/2026

13:27

187

Големина на фонт

а а а

На официјален настан одржан во ресторанот Рагуза ПАРК, вчера вечер беа свечено доделени наградите од седмото издание на изборот за Најпосакуван Автомобил во Македонија - „Златно Тркало 2026“

Златно Тркало претставува уникатен начин за избор на најпосакуваниот автомобил кај нас преку гласање на целата јавност во Македонија која има пристап до интернет и социјалните мрежи. Целиот избор започна кон крајот на минатата годината, по што се формираше листата за гласање во месец февруари.


Финалистите беа поделени во 4 категории и се избираше меѓу 17 автомобили. Повеќе од 110 објави на порталите и стотици содржини на социјалните медиуми, над 200.000 прегледи и повеќе од 120.000 следбеници... креираа повеќе 20.000 гласања на официјалната страница www.zlatnotrkalo.mk, и се добија 4 победници.


Изборот е инициран од најстариот автомобилски медиум Авто Плус кој оваа година одбележува 33 години непрекината работа, а со него во функција на организатори и презентери на моделите се јавуваат CARclub, Cars by Vik, RPM.mk и БизнисИнфо.


Во категоријата Најпосакуван семеен автомобил со 25.3 проценти од гласовите е избран Opel FRONTERA.

Во категоријата Најпосакуван градски автомобил со 26.5 проценти од гласовите е избран Renault CLIO.

Во категоријата Најпосакуван електрифициран автомобил со 21.6 проценти од гласовите е избран Lynk & Co 08.


Главната награда за Најпосакуван автомобил во Македонија за 2026 година оди кај Audi Q5 кој освои 43.2 проценти од гласовите.

И оваа година се додели признание, плакета која ја добиваат македонци кои оставаат траг во автомобилската индустрија во светот и оваа мала наша држава ја ставаат на глобалната мапа. А годинава таа ја доби Игор Стефанонвски ИЏЕ – кој со своите подвизи на ридско брзинските трки низ Европа и големиот број први места, е вистински спортски амбасадор на нашата држава.


Гласањето и годинава се одвиваше на официјалниот сајт на Златно Тркало (www.zlatnotrkalo.mk), каде беа поставени сите модели поделени по категории, а покрај секој модел стојат линковите до членовите на Изборот кои водат до пост, вест или клип за возилото, од медиумот.

Истот, започна на 15 Март и траеше до крајот на месецот и сите имаа можност да дадат глас за својот фаворит во сите 4 категории. Победниците беа објавени на 1ви Април, а вчера (Среда 15.04) беа доделени признанијата.