Стефан Лазаров и неговата сопруга Марта имаат прекрасна вест – наскоро ќе станат родители.
Марта е во четвртиот месец од бременоста, а радоста кај нив е неизмерна, особено затоа што на Стефан му се исполнува долгогодишната желба да стане татко.
Во најновото видео што го споделија, парот направи т.н. „gender reveal“ односно откривање на полот на плажа во Охрид. Двајцата со помош на чаши открија дека внатрешноста на тортата е сина боја, односно дека очекуваат машко дете.
Тие вчера ги покажаа и реакциите на нивните најблиски кога им ја соопштиле ваквата вест, а секако истата беше пропратена со многубројни честитки на социјалните мрежи.
За потсетување, парот се вери во 2022 година по 6 години врска, а стапи во брак една година подоцна.





