Мет Лебланк би можел да се врати на малите екрани во сосема поинакво издание од она на кое публиката е навикната.
Имено, откако стекна слава со улогата на Џои во „Пријатели“, пред него е сосема нов предизвик – во криминалистичката серија „Flint“.
Криминалистичка серија „Flint“
Во новиот проект тој треба да го толкува изморениот детектив од полицијата во Лос Анџелес, кој веќе е на прагот на пензија, но плановите ненадејно му се нарушуваат кога ќе дознае дека мора да остане во служба уште пет години.

Неговиот лик потоа се обидува да направи сè за што побрзо да биде отстранет од работното место, притоа кршејќи правила и пркосејќи им на претпоставените, но токму тој бунтовен пристап, сосема неочекувано, го претвора во уште подобар полицаец. Лебланк е вклучен во проектот и зад камерата, како извршен продуцент, а серијата засега се развива како потенцијален нов наслов за „CBS“. Ако добие конечно одобрение, на екраните би можела да пристигне во сезоната 2027/2028.
Прво враќање на телевизија по шест години
Ова би било првото враќање на Мет на класична телевизиска мрежа по серијата „Man With a Plan“, ситком на „CBS“ што се емитувала од 2016 до 2020 година низ четири сезони. Токму со таа серија по низа години повторно ја зацврсти својата позиција на американската телевизија.

Секако, за пошироката публика Лебланк и натаму е најпознат како Џои Трибијани од „Пријатели“, улога што го претвори во една од најголемите телевизиски ѕвезди во деведесеттите и раните 2000-ти. По завршувањето на култната серија, глумел и во спин-офот „Joey“, а потоа успешно се врати во нешто поинаков тон со серијата „Episodes“, во која толкувал фикционализирана верзија од самиот себе. Подоцна бил и еден од водителите „Top Gear“ на Би-би-си.










