Составот на Вардар 1961 успеа да дојде до нов трофеј на домашната сцена и тоа во Купот на Македонија каде славеше на турнирот што се одржа во салата „Парк“ во Струмица.
По славјето во полуфиналето против Алкалоид, „црвено-црните“ триумфираа и во финалето против Охрид со 24:23 за 18. пехар во ова натпреварување.
-Многу тежок натпревар, но вакви се сите дерби дуели сезонава. Секоја чест за дечките кои беа изонредни. Честитки и за Охрид кој е сериозен нов проект, со сериозна амбиција. Што се однесува до играта, тие не одиграа нешто невообичаено, непредвидено. Голманот имаше свој ден и тој донесе ваков тесен исход на крајот. Во други услови би било поубедливо за нас.
-Аман на крјаот на денот, ние сме најквалитетна екипа во Македонија, ќе го потвдиме тоа со двојна круна на крајот од сезоната. Честитки до сите и навистина сум задоволен како се заврши овој турнир на Купот на Македонија, -изјави Милан Лазаревски.







