Лукашенко е во врска 50 години помлада манекенка? Белорускиот лидер бил виден со 22-годишна мисица

Точка

22/04/2026

21:15

701

Големина на фонт

а а а

Белорускиот претседател Александар Лукашенко деновиве се најде во центарот на вниманието откако почнаа да кружат гласини дека е во врска со 50 години помлада манекенка. Последниот европски диктатор и пријател на Путин, кој е на власт речиси 32 години, се поврзува со Алија Короткаја.

Инаку, 22-годишната Короткаја е кралица на убавината, а се натпреварувала на избори за убавина, вклучувајќи ги Мис Минск, Мис Вива Браслав, Мис Белорусија – двапати – и меѓународниот избор Мис БРИКС, одржан во Русија, пишува „The Sun“.


„Како што е вообичаено, таа го привлекла вниманието на белорускиот лидер на натпреварите за убавина“, објави порталот „Buro“. „Сè почесто се појавува покрај белорускиот лидер“, додале тие.


Уште од минатата година, неколкупати била видена со 71-годишниот лидер на бројни настани, вклучувајќи хокеарски натпревари и новогодишниот бал на политичарот. Британскиот весник пишува дека била вклучена во Националната школа за убавина – организација финансирана од белоруската држава.


Сепак, Лукашенко и натаму официјално е во брак со Галина Жолнерович, за која се верува дека има 71 година и е мајка на двајцата негови синови, Виктор (50) и Дмитриј (46). Но, парот е отуѓен уште од 90-тите години. Руските медиуми сега отворено ја нарекоа Короткаја „младата љубовница“ на Лукашенко.


„На почетокот на април беа видени заедно на хокеарски натпревар, каде што Александар ѝ подарил кадифени играчки“, објави БЛОКНОТ Русија. „Сè уште е во форма! Лукашенко си нашол млада љубовница – познатата манекенка, учесничка на изборите за Мис БРИКС и Мис Белорусија, Алија Короткаја. Миленичката на претседателот е 50 години помлада од него“, пишува на друг руски канал.


Наводно, Короткаја е помлада и од тајното дете кое авторитарниот лидер го добил во 2000 година. Диктаторот претходно бил во врска со кралицата на убавината, Марија Василевич, во 2019 година, од која бил постар 43 години. И неа ја водел на хокеарски натпревари, но и на државни уметнички фестивали, како и на незаборавното Светско првенство во Русија во 2018 година