Турските палачинки го освоија светот: Mожете да ги печете на скара за први мај – вкусот е фантазија

Точка

23/04/2026

21:20

287

Големина на фонт

а а а

Турските гозлеме, крцкаво тесто со богат фил, можете да ги подготвите едноставно и брзо и во домашни услови.

Потребни состојки за тестото:

• 375 гр. бело брашно
• 85 мл. маслиново масло
• 185 мл. вода
• половина лажичка сол

За филот:

• 300 гр. свеж спанаќ или блитва
• 2 чешниња лук
• 2 јајца
• малку сол и бибер
• 300 гр. фета сирење


Подготовка:

Во подлабок сад измешајте ги брашното, маслиновото масло, водата и солта, па замесете мазно и меко тесто што не се лепи. Оставете го тестото да одмори 20 минути.

Работната површина лесно набрашнете ја. Тестото поделете го на 4 еднакви делови. Секој дел развлечете го во правоаголник.

Во чинија измешајте го иситнетиот спанаќ, лукот, јајцата, сирењето, солта и биберот. Со оваа смеса наполнете го тестото, потоа преклопете го и печете го во тава на средно силен оган со една до две лажички масло.

Пржете ги палачинките околу 3 минути од едната и 3 минути од другата страна, додека не добијат убава, златно-кафеава боја. Постапката повторете ја со останатото тесто.

Можете да ги печете и на скара.