Минеа Панџи (23) го запознала Масимо (63) пред неколку години, додека била негова ученичка, кога признава дека била вљубена во него.
Повторно се сретнале многу подоцна, кога Минеа се вратила во својот роден град и го видела во продавница, па одлучиле да разменат телефонски броеви.
Оттогаш се родила љубов и парот станал неразделен. Иако нивната врска е критикувана поради разликата во годините и начинот на кој се запознале, тие инсистираат дека нивната приказна е вистинска љубовна приказна. Парот, кој живее во Италија и неодамна се венчал, не обрнува внимание на коментарите на другите и истакнува дека нивните блиски имале разбирање.
„Луѓето кои навистина се грижат за нас, блиските пријатели, оние кои вистински нè познаваат, им требаше многу малку време за да разберат. Буквално, откако нè видоа заедно само неколку часа, многумина рекоа дека сме создадени еден за друг“, рекла таа, пренесе „Мирор“.
„Тоа е затоа што меѓу нас постои нешто што ги надминува годините – длабока поврзаност, сличен поглед на светот, начин на зборување, слушање и заедничко постоење. Негативните коментари често доаѓаат од далечина, од оние кои си даваат право да судат, а не нè познаваат. Но вистинската љубов, чувството на исполнетост и радоста што таа ги носи, веднаш ги препознаваат оние на кои искрено им е важно за вас“, додала таа.
За Минеа и Масимо, кој денес е професор, разликата во годините не е нешто што „го чувствуваат“, бидејќи како што рекле многу се усогласени.
„Усогласени сме во изборите што ги правиме, во начинот на кој го поминуваме времето и во приоритетите што им ги даваме на клучните фази од нашите животи. Имав врски со луѓе многу поблиски до моите години, а сепак длабоко оддалечени на човечко ниво. Со Масимо и само со него и покрај разликата од 40 години, пронајдов ретка блискост, длабока хармонија и емотивен јазик што навистина одговара на мојот. Годините се едноставно факт“, објаснила Минеа.
Рекла и дека жените секојдневно ѝ бараат совети.
„Добивам пораки од жени кои ми доверуваат интимни делови од својот живот – жени кои не знаат како да ја претстават својата врска пред родителите, жени кои признаваат дека се чувствуваат непријатно додека одат покрај мажот кој го сакаат, плашејќи се од погледите на другите“, раскажала Минеа.