Американската музичка ѕвезда Ријана во новата кампања на нејзиниот бренд „Savage X Fenty“ позираше во долна облека и предизвика воодушевување кај многу обожаватели.
Овојпат, таа заводливо позираше во црвена долна облека со цветни мотиви. Изданието на Ријана ги истакна нејзините гради, а пејачката го надополни изгледот со златни парчиња накит и црвени високи потпетици.
Ријана наведе дека долната облека е дел од новата колекција на нејзиниот бренд.
„Доаѓа жешко лето“, напиша во описот на објавата на Инстаграм.
Нејзиното издание собра бројни коментари од обожавателите, а дел од нив гласат: „Само таа може да го носи ова“, „Динамитна“, „Те сакаме“, „Ти си кралица“, „Никој не може да биде како Рири“.
Во последните неколку години Ријана најмногу е фокусирана на својот бренд за шминка и долна облека. Својот последен албум „Anti“ го објави во 2016 година, а синглот „Lift Me Up“ беше објавен во 2022 година. Иако се одлучи повеќе да се посвети на личниот бренд, обожавателите ѝ замеруваат затоа што направи пауза од музиката.





