[ФОТО] Шварценегер снимен со долгогодишната партнерка во ретко, заедничко појавување

Точка

01/05/2026

16:00

549

Големина на фонт

а а а

Арнолд Шварценегер ретко споделува приватни моменти со јавноста, но овојпат бил снимен во опуштено излегување со својата долгогодишна партнерка, што не помина незабележано.

Славниот актер и поранешен гувернер на Калифорнија, Шварценегер, бил виден во Малибу по вечера во ресторанот „Нобу“, каде што уживал во вечерта со партнерката Хедер Милиган, со која е во врска повеќе од една деценија.

Вечер за двајца далеку од рефлекторите

Парот инаку ретко се појавува заедно во јавност, па нивното заедничко излегување веднаш привлекло внимание.


Шварценегер за оваа пригода се решил за лежерна комбинација — сиво сако, црн пуловер и фармерки, додека Хедер носела бело сако со златни копчиња, бел горен дел и црни панталони. 

Врска што трае повеќе од една деценија

Арнолд и Хедер се запознале во 2012 година, недолго откако тој се разделил од поранешната сопруга Марија Шрајвер, со која беше во брак 25 години.

Се запознале за време на неговото закрепнување од операција на рамото, кога, по препорака на лекар, започнал терапија кај Хедер, која е физиотерапевтка.


„Во еден момент реков: ’Морам да го снимам овој филм, ќе има многу борби и акциски сцени и сакам да бидам подготвен.‘ Лекарот ми рече: ’Постои само една личност — Хедер. Сите спортисти ги испраќам кај неа, бидејќи таа е единствената што навистина знае за што зборува‘“, се присетил актерот во интервју за „People“.

По завршувањето на терапијата, решил да ѝ се заблагодари со покана на ручек, а тогаш нивниот однос тргнал во нов правец. „И потоа едното доведе до друго“, додал тој.

Хедер Милиган денес води сопствена клиника за физикална терапија во Лос Анџелес, а зад себе има долгогодишно искуство во работа со спортисти.

Живот по разводот

Шварценегер го финализирал разводот од Марија Шрајвер во 2021 година, десет години откако таа поднела барање за развод, откако било откриено дека добил син со нивната домашна помошничка.


Оттогаш актерот приватниот живот го држи подалеку од очите на јавноста, поради што ваквите ретки моменти од секојдневието се дополнително интересни.