Американската пејачка Кејти Пери се појавила на Мет Гала во издание што предизвика големо внимание во јавноста, оставајќи многу простор за толкување и изненадување.
Имено, Пери се вратила на една од најважните модни вечери во годината, во Музејот на уметноста „Метрополитен“ во Њујорк, но целосно инкогнито благодарение на српскиот дизајнер Миодраг Губериниќ.

На црвениот килим пристигнала со метална и мрежеста маска која целосно го скрила нејзиниот идентитет, а ја дизајнирал Губериниќ. Маската била инспирирана од нејзините јавни уметнички настапи.


Како што навела за магазинот „People“, станува збор за буквална и симболична рефлексија која го повикува набљудувачот да размисли за тоа како неговата перцепција за другите може да го одразува неговиот сопствен внатрешен свет и обратно – да ја прикрие вистината.
Доколку самата пејачка не го потврди своето доаѓање преку забавно видео на ТикТок, а потоа и не ја симна маската на црвениот килим, многу обожавателите можеби немаше ни да забележат дека присуствувала на настанот.
Сепак, посебен впечаток оставил нејзиниот моден избор. Пери носела долг фустан без прерамки, со долга наметка изработена од италијански сатен, создадена со пренамена на вишок кројачки ткаенини.


Стајлингот го надополнила со бела ракавица со шест прсти – детаљ што го открила токму во ТикТок видеото, а кој претставува референца на дипфејк-снимките генерирани со вештачка интелигенција, кои претходно се појавуваа во врска со нејзиното присуство на Мет Гала.











