Јотова му го додели мандатот за формирање нова влада на Радев

Макфакс

07/05/2026

19:04

144

Големина на фонт

а а а

Претседателката на Бугарија, Илијана Јотова, денес му го додели мандатот за формирање нова влада на победникот на парламентарните избори, Румен Радев, чија партија „Прогресивна Бугарија“ освои убедливо мнозинство на гласањето одржано минатиот месец.

По добивањето на мандатот, Радев го претстави составот на идната влада, за која парламентот треба да гласа утре, објави Ројтерс.

Радев поднесе оставка од функцијата претседател на Бугарија во јануари, за да учествува на изборите, откако масовните протести поради корупцијата и зголемувањето на трошоците за живот доведоа до пад на претходната влада во декември.

Во новата влада, функциите на министрите за надворешни работи и финансии треба да ги преземат Велислава Петрова-Чамова и Галаб Донев.

Според најавите, новата влада ќе се соочи со задачата брзо да го усвои буџетот, да го утврди лимитот за задолжување со цел да се обезбеди исплата на пензии и плати, како и враќање на заостанатите долгови од фондовите на Европската унија, пренесуваат медиумите во регионот.