Ако некогаш се најдете на улиците на Ашхабад, главниот град на Туркменистан, првото нешто што ќе го забележите е необична глетка - речиси сите автомобили на патиштата се бели. Ова не е резултат на случаен избор на возачите таму, туку на строга владина регулатива.
Имено, уште во 2018 година, на сила стапила регулатива со која се забранува возење црни или автомобили во светли бои во главниот град.
Официјално објаснување за оваа необична одлука никогаш не било понудено. Сепак, постојат широко распространети јавни шпекулации дека правилото е поврзано со верувањата на поранешниот претседател Гурбангули Бердимухамедов, кој наводно верувал дека белата боја носи среќа.

И додека покрај белата боја, во ретки случаи, дозволени се само сребро и злато, постои уште еден строг услов - чистотата. Поседувањето „лимен миленик“ во Ашхабад подразбира беспрекорен изглед, а полицијата редовно им издава казни на возачите чии возила се валкани.
Ашхабад со право е наречен „бел град“. Од 2000 година, сите новоизградени згради во градот мора да бидат обложени со бел мермер. Благодарение на оваа архитектонска политика, туркменскиот главен град денес го држи светскиот рекорд за најголема концентрација на згради од бел мермер во светот.
Туркменистан, земја во централна Азија, сместена покрај Каспиското Езеро, е создадена по распадот на Советскиот Сојуз и се граничи со Казахстан, Узбекистан, Авганистан и Иран.

И покрај многуте фасцинантни атракции, оваа земја останува една од најзатворените во светот. Државното раководство покажува минимален интерес за развој на туризмот, што се потврдува со фактот дека годишно се одобруваат само околу 10.000 туристички визи, што го прави Туркменистан вистинска мистерија за повеќето светски патници.