Легендата на францускиот фудбал: Во пензија немам ништо. Се чувствувам бескорисно

Супермен

11/05/2026

19:58

535

Големина на фонт

а а а

Поранешниот голман на француската репрезентација, Стив Манданда (41), се пензионираше пред една година.

Меѓутоа тоа изгледа не била добра одлука. Имено подоцна се чувствувал лошо затоа што немал што да прави и напишал книга во која ја раскажал приказната за своите размислувања по пензионирањето и за состојбата во која се наоѓал.


„Веќе неколку недели не правам ништо. Деновите ми се празни и бескрајни. Немаат никаква смисла. Тонам во тишина. Невработен сум, лежам на каучот и не знам што чекам. Не сакам ништо. По 25 години фудбал немам распоред, ритам, договори, ништо. Катастрофа. Нема веќе стативи ниту играчи пред мене, немам капитенска лента, соблекувална, соиграчи и нивните шеги, кафиња ниту дружења. Се чувствувам бескорисно. Слушнав дека многу играчи кои се пензионирале поминуваат низ слични работи. Се здебелив три-четири килограми и морам да престанам со тоа. Се изолирав од друштвото“, напишал Манданда во книгата.


Сепак, по една година состојбата се подобрила

„По една година веќе немам негативни емоции ниту црни мисли што ми се вртеа низ главата. Патрис Евра ми кажа дека и тој поминувал низ такви работи на крајот од кариерата. Ништо не е подобро од играњето фудбал и адреналинот што го добиваш на стадион. Кога ќе го изгубиш тоа и ќе прифатиш дека е готово, останува празнина. Тогаш е важно да ги зачуваш спомените од убавите времиња“, напишал Манданда.


Тој се прослави на голот на Олимпик Марсеј и стана легенда на француската лига. Во периодот од 2008 до 2018 година дури петпати беше прогласен за најдобар голман во француското првенство. Беше и на Светското првенство во 2018 година, каде со Франција го освои златниот медал. Со Марсеј го освои француското првенство и три Купови.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk