Трендовите не заобиколуваат речиси ниту едно поле, па така ниту забите. И додека негата била и останала императив за здрави и убави заби, со текот на времето како главен стандард за убавина се наметна холивудскиот изглед и „совршените“ заби со кои природните тешко можат да се натпреваруваат. Таквите вештачки насмевки завладеаја со светската јавна сцена, но има и исклучоци.
Познатата актерка Летиција Каста (48) беше вистинска ѕвезда на Канскиот фестивал пред два дена на премиерата на филмот „Karma“.
Летиција Каста се појави во струкирана тоалета од црн сомот од модната куќа „Armani“, елегантни чевли од „Roger Vivier“ и со дијамантски накит од брендот „Messika“. Стајлингот за црвениот тепих го осмисли Иго Тукас, а светски познатата Французинка со актерот Венсан Мекен изведе вистински перформанс на црвениот тепих, кој годинава во Кан дефинитивно не е резервиран само за модно дефиле на познатите гости.
Благодарение на тој перформанс на Каста и Мекен, премиерата на „Karma“ стана уште поинтересна. Актерот по танцот ја зеде во прегратка и така ја одведе во салата каде што беше прикажан филмот. А потоа нејзините заби го украдоа шоуто.
За разлика од многу други светски ѕвезди кои промовираат „совршени“ заби, под кои се подразбираат беспрекорно прави и најблескави можни заби, кои според мислењето на многумина често не изгледаат како вистински, Летиција во Кан покажа природна несовршена насмевка каква одамна не е видена на јавната сцена.
Насмевката како нејзината подолго време се смета за непожелна глетка, а судејќи според бројот на познати личности кои преку ноќ добија идеални заби, може да се заклучи дека стоматолозите имале полни раце работа.
Да си ги средите забите секако не е погрешно, но пред сѐ најважна е грижата за нивното здравје. Модерната естетика понекогаш знае и да го наруши здравјето, а секако можете да имате здрава насмевка без забите да ви бидат совршено рамни.

Колкав исчекор е насмевката на Летиција Каста, докажуваат и бројните коментари во кои се пофалува што „актерката го покажа својот целосно природен изглед“, што се опишува како „одлична промена и вистинско освежување“ во споредба со изгледот на останатите гости во Кан. Позитивните реакции не се однесуваат само на нејзината природна насмевка, туку и на одлуката на Летиција да не потклекне ниту на трендот на пластични операции, кој исто така доминира во светскиот шоу-бизнис.
Дали според вашето мислење несовршената насмевка на Летиција Каста е доволно убава или треба да се поправи? За потсетување, актерката има 12 милиони долари на својата сметка.

















