[ВИДЕО] Арсенал победнички се одјави од „Емирејтс“, утре може да биде крунисан во нов шампион

Дерби

19/05/2026

07:05

1.115

Големина на фонт

а а а

Екипата на Арсенал издвојува победа во последниот домашен меч за оваа сезона во Премиер лигата, победа над Барнли од 1-0 со која направија можеби и клучен исчекор кон враќање на пехарот во своите витрини.

Сега избраниците на Микел Артета имаат пет бода повеќе од Манчестер Сити што значи дека уште утре можат да бидат крунисани во шампиони под услов „граѓаните“ да не издвојуваат триумф на жешкото и незгодно гостување на „Виталити“ кај Борнмут.

Арсенал и на вечерашниот меч не успеа на време да го затвори натпреварот и мораше до последната секунда да стравува за целиот плен со тоа што мора да се каже дека Барнли немаше ниту еден директер удар кон голот на Раја низ 90+ минута.

Хаверц на асистенција на Сака стрелаше со глава во првиот дел, но Германецот во второто полувреме имаше еден невнимателен старт за кој можеше да заработи директен црвен картон, ВАР се актививираше, ама сепак на крајот беше одлучено да нема потешка санкција со што донесе нова реакција од фановите во Премиер лигата.