Неименуван извор ексклузивно откри за „Пејџ Сикс“ дека на Скутер Браун воопшто не му пречи голотијата на Свини како и сексуално провокативните сцени по кои таа стана позната во хит-драмата на „HBO“.
„Скутер нема проблем со провокативните сцени на Сидни во „Еуфорија“, ниту со која било друга работа што ја работи како актерка“, истакнал извор близок до парот.
„Тој целосно разбира дека ова е дел од нејзината работа и ја почитува нејзината посветеност на глумата“, додал тој.

Изворот нагласил дека нивната врска е многу стабилна и дека меѓу нив постои голема доверба.
„Скутер не е тип на маж кој би се чувствувал загрозен од нејзината работа или би се обидел да ги контролира улогите што таа ги прифаќа. Тој ѝ пружа огромна поддршка во кариерата и е горд на сè што постигнала“, истакнал изворот.
Тој додал дека „двајцата се многу среќни заедно и дека нивната врска функционира одлично“.

Актерката, која е номинирана и за наградата Еми, го игра ликот на Кеси во серијата „Еуфорија“ од премиерата на серијата во 2019 година.
Реакцијата на Браун доаѓа откако серијата повторно ја разгоре дебатата на социјалните мрежи за сè поексплицитните сцени во кои се појавува Свини.

Романсата помеѓу ѕвездата од серијата „Белиот Лотос“ и познатиот музички менаџер првпат доспеа во јавност во септември минатата година, неколку месеци откако се запознале во јуни 2025 година на луксузната свадба на Џозеф Безос и Лорен Санчез во Италија, која наводно чинела 50 милиони долари.
Во тоа време, извор тврдеше за Пејџ Сикс дека 44-годишниот Браун првично бил загрижен дека 28-годишната Свини е премногу млада за него, но подоцна сепак решил да ѝ се „доближи“.

Браун претходно беше во брак со Џаел Коен од 2014 година, но се разделија во 2021 година, а официјално се разведоа во 2022 година. Поранешните сопружници имаат три деца – синовите Џегер и Леви, како и ќерката Харт.
Во март 2025 година, Свини ја раскина свршувачката со претприемачот Џонатан Давино, со кого беше околу седум години.

Парот, кој некои медиуми ја нарекоа „најомразениот пар во Холивуд“, официјално ја потврди својата врска на социјалните мрежи претходно месецов. Имено Сидни објави неколку фотографии со своето момче од музичкиот фестивал „Stagecoach“, одржан минатиот месец во Калифорнија.
На фотографиите може да се види како актерката седи на рамената на Браун среде толпа, потоа како тој држи во раце, но и како прават смешни гримаси заедно во фото-кабината.


На една од фотографиите, парот се гушка додека го гледа настапот, а ѕвездата од серијата „Кристи“ објави и снимки како пее караоке и танцува со своето момче и пријателите.
Под фотографиите актерката кратко напиша: „Каубојски викенд“.