Богатото семејство се откажало од него, па гледало како гори во пламен: Она што неговата сопруга го направила за да го спаси од сигурна смрт воодушевува

Супермен

19/05/2026

18:23

942

Големина на фонт

а а а

Ники Лауда трипати ја освои титулата светски шампион во Формула 1, не затоа што бил најталентиран, туку затоа што бил најдисциплиниран и решен да ги оствари своите соништа.

Лузните на Ники Лауда луѓето ги гледаа како трагедија, а тој ги носеше како доказ дека стравот го нема последниот збор. Тој е единствениот кому му успеало да освојува титули и во „Ferrari“ и во „McLaren“, зборуваше директно, без глума и без потреба да му се допадне некому, поради што делуваше опасно искрено во свет полн со его и маркетинг. Познатиот Австриец и трикратен светски првак и надвор од патеката остана борец: градеше авиокомпании, носеше тешки одлуки и помагаше да се создаваат шампионски тимови.

Како Ники Лауда ја доживеа несреќата што и денес се памети?

Во екот на постигнатите одлични резултати, Ники Лауда не можел ни да претпостави што му подготвува судбината. Во Нирбургринг во 1976 година доживеа ужасна несреќа на патеката, а и денес на многумина не им е јасно како преживеа. И не само тоа, по 42 дена повторно бил на стартот на трката.


Имено, како актуелен светски шампион, Ники Лауда на состанокот на возачите барал трката да не се вози поради безбедносни причини. Недостасувале пожарникари, па немало основни услови за помош ако се случи несреќа. Како да претчувствувал што ќе се случи. Од друга страна, останатите возачи го надгласале и Ники морал да седне во болидот тој 2 август.

Трката во Нирбургринг доцнела. Дождот направил вистински хаос, тимовите не можеле да се договорат дали да стартуваат со гуми за суво или со оние за дожд. Јохен Мас бил единствениот кој одлучил да тргне со гуми за суво. Меѓутоа, за време на одложувањето на стартот, небото над Нирбургринг се расчистило, сонцето засветело, а патеката почнала да се суши.

Поради тоа, по првиот круг повеќе од половина натпреварувачи отишле во бокс за да сменат гуми. Меѓу нив бил и Ники Лауда. На сите четири тркала му ставиле гуми за суви временски услови. Тие биле целосно мазни, одлично прилегале на сув асфалт, но со такви гуми на дожд и по мокра патека било речиси невозможно да се вози. Било тешко да се донесе правилна одлука, бидејќи ако сонцето засветело премногу, на сувата патека гумите за дожд би се прегревале.


Целосно губење на контролата

Набргу откако ги сменил сите четири тркала, некаде на средината од патеката, Лауда изгубил контрола над возилото и при брзина од 250 километри на час се забил во заштитната ограда. Возилото се запалило, а пламенот речиси веднаш го зафатил и самиот Лауда, кој останал заробен во смачканиот болид. Брет Лангер и Харалд Ертл се судриле обидувајќи се да го избегнат уништениот болид. Излегле од своите автомобили, а застанале и Гај Едвардс и Жак Лафит, па четворицата веднаш потрчале да му помогнат на Лауда. Знаеле дека на толку долга патека на службените возила ќе им треба време да пристигнат. Покрај патеката имало пожарникар со апарат за гаснење пожар и заедно успеале да го извлечат Лауда од возилото.

Никој не верувал дека ќе преживее

Со тешки повреди итно бил префрлен на интензивна нега во Универзитетската болница во Манхајм. На главата и по лицето добил изгореници од трет степен, а отровните гасови што ги вдишал му ги оштетиле белите дробови. Во болницата свештеник му читал опело, малкумина очекувале дека ќе преживее, паѓајќи во кома. Но, Ники Лауда чудесно закрепнал и само 42 дена подоцна повторно бил на патеката.

Кон крајот на трката, неговите незалечени рани со крв ја натопиле неговата поткапа. Кога се обидел да ја соблече, сфатил дека се залепила за завоите, па морал да ја искине од лицето. Тоа бил еден од најхрабрите потфати во историјата на спортот.


Без шампионската титула останал во последната трка таа сезона, Големата награда на Јапонија, заостанувајќи само еден бод. Нов светски шампион тогаш станал Џејмс Хант. Според нивното големо ривалство во 2013 година е снимен филмот „Rush“, во кој Даниел Брил го глуми Лауда, а Крис Хемсворт – Хант.

„Зошто се вратив на патеката? Морав да го победам стравот, стравот од несреќата, стравот од возењето. Некое време не можев ни да спијам, бидејќи се плашев дека ќе се разбудам во пламен“, раскажал Ники Лауда во едно интервју за британските медиуми.

Титулата светски шампион ја освои во 1977 година по втор и последен пат во болидот на италијанскиот тим. Потоа го известил Енцо Ферари дека го напушта „Ferrari“ и преминува кај големиот ривал Берни Еклстон во „Brabham“. Енцо го нарекол предавник поради тоа.

Меѓутоа, крајот на кариерата на Лауда не значел и крај на неговите врски со Формула 1. Лука ди Монтедземоло во 1993 година му понудил улога на советник во „Ferrari“. Лауда во 2001 година го презел тимот „Ford Jaguar“, но бил отпуштен кон крајот на 2002 година заедно со уште 70 други клучни луѓе кога изостанале резултатите.


Од тој момент, тој главно ја комбинирал работата на водење на новата авиокомпанија „Niki“, основана во 2003 година, откако „Lauda Air“ во 1999 година ја продал на националната австриска авиокомпанија, со работата како аналитичар на трките во Формула 1 на германскиот ТВ-канал „RTL“. Потоа управниот одбор на „Mercedes“, незадоволен од слабите резултати на Рос Брон, го именувал за еден од директорите во тимот.

Заедно со Рос Брон, Лауда одиграл клучна улога во доведувањето на Луис Хамилтон, кој го заменил Михаел Шумахер кон крајот на 2012 година. А на почетокот на 2013 година станал акционер во „Mercedes“ со 10 проценти.

Ники во јули 2018 година се соочил со тешка инфекција на белите дробови, по што му биле пресадени двете белодробни крила. Во ноември истата година со својот тим на социјалните мрежи објавил видео во кое рекол дека на работа се враќа „наскоро“.

Сепак, во јануари добил воспаление на белите дробови, по што бил примен во болница во Виена. Починал девет месеци по трансплантацијата на белите дробови, во кругот на семејството.

„Нè напушти нашиот сакан Ники. Почина мирно, во кругот на семејството. На сите ни беше пример, прекрасен сопруг, татко и дедо и многу ќе ни недостига“, објави тогаш неговото семејство.


Како изгледал патот до успехот на Ники Лауда?

Сите во семејството биле адвокати

Ники Лауда е роден веднаш по Втората светска војна во Виена во многу богато семејство на индустријалци. Не бил добар ученик, училиштето не го интересирало премногу, а уште од мали нозе автомобилите биле негова страст, негов цел свет.

Додека сите во неговото семејство биле угледни адвокати и деловни луѓе, тој сонувал само за трибините и брзината. Брзината целосно го исполнувала, била негов двигател. Добростоечкото и угледно виенско семејство се обидувало на сите начини да го спречи да се занимава со тој опасен спорт. Не само што не му дале ни шилинг, туку преку приватни врски се обидувале да ги спречат вложувањата на потенцијалните спонзори. Но, неговата желба надвладеала сè!

Не се откажал од своите соништа

Меѓутоа, не постоело ништо на овој свет што би го убедило Ники Лауда да се откаже од своите соништа. Без поддршка од родителите, сам тргнал во авантурата наречена – Формула 1.

„Не е проблем. Вашата понуда не ја прифаќам. Заборавете на семејниот бизнис, не мора да ми помагате. Ќе успеам сам. Само запомнете едно, кога ќе станам светски шампион, не барајте ме. Тогаш нема да бидам ваш син, ваш внук, нема да бидам некој што ве познава“, им одговорил Ники на своите најблиски и храбро зачекорил сосема сам во суровиот свет.


Лауда веднаш заминал во една позната австриска банка за да подигне кредит и со тие пари да си купи место во еден Ф1 тим, уплаќајќи полиса за животно осигурување. Судбината сакала токму таа банка подоцна да му стане главен спонзор. За тимот „March“ возел во 1971 година, кој тогаш бил во Формула 2, а набргу преминал во Формула 1. Следната сезона, ’72, била разочарувачка и Ники станал очаен. Поради големиот долг размислувал и да се откаже од автомобилските трки, но на крајот подигнал уште еден кредит и преминал во „British Racing Motors“.

Пресвртница во кариерата

Ниту во овој тим ситуацијата не била најдобра, бидејќи болидот бил многу полош од неговите очекувања. Но, благодарение на огромното знаење од областа на автомеханиката и со помош на механичарите успеал да го среди својот тркачки автомобил. Толку многу го подобрил што можел да постигне напредок од речиси две секунди по круг.

Набргу следувала целосна пресвртница кога „Ferrari“ го довел неговиот колега Клеј Регацони од „BRM“. Тој се покажал како вистински и искрен пријател, па го замолил Енцо Ферари да го доведат и Лауда, за кого велел дека е најдобар возач. И така Ники почнал да ги остварува своите соништа.


Ја освојува првата титула светски шампион само една година по доаѓањето во „Ferrari“. Веќе тогаш било очигледно за каков талент станува збор. Имаше неверојатни способности, а често го нарекувале и „компјутер со мозок“. Лауда течно зборувал германски, англиски и италијански.

Една од партнерките му донирала бубрег

Лауда бил во врска со Мариела фон Рајнингхаус од 1968 до 1975 година. Веќе следната година се оженил со чилеанско-австриската Марлен Кнаус. Се развеле во 1991 година. Лауда и Кнаус имале два сина, Матијас Лауда, тркачки возач, и Лукас Лауда, кој бил менаџер на Матијас.

Во 1992 година Лауда кратко бил во врска со тркачката возачка Џована Амати. Потоа повторно стапил во брак во 2008 година со Биргит Вецингер, стјуардеса во неговата авиокомпанија. Токму таа му донирала бубрег на Лауда во 2005 година, откако бубрегот што го добил од брат му во 1997 година откажал. Во септември 2009 година Биргит родила близнаци, Макс и Мија.

Починал на 70-годишна возраст

На 20 мај 2019 година, Ники Лауда починал во сон на 70-годишна возраст во Универзитетската болница во Цирих, каде што бил на дијализа на бубрезите. Имаше период на лоша здравствена состојба влошена од повредите на белите дробови од несреќата во 1976 година. Претходната година имал двојна трансплантација на бели дробови, а трансплантација на бубрези во 1997 и 2005 година.


На Големата награда на Монако 2019, сегашните и поранешните возачи и тимови му оддадоа почит на социјалните мрежи и за време на прес-конференцијата пред трката во средата. Пред трката беше одржан едноминутен молк. Во текот на викендот навивачите и возачите носеа црвени капи во негова чест, а тимот „Mercedes“ го обои својот ореол во црвено со пораката „Ники, ни недостигаш“ наместо вообичаената сребрена шема. Луис Хамилтон и Себастијан Фетел носеа кациги во чест на Лауда, а кога Хамилтон победи на трката, победата му ја посвети нему.


На погребот на Лауда во катедралата Свети Стефан присуствувале истакнати личности од Формула 1, вклучувајќи ги: Герхард Бергер, Џеки Стјуарт, Ален Прост, Нелсон Пике, Жан Алези, Луис Хамилтон, Дејвид Култхард, Нико Розберг, Валтери Ботас, Рене Биндер и Рене Раст. Присуствувале и Арнолд Шварценегер и австриски политичари, вклучувајќи го Александар ван дер Белен. Во согласност со неговата желба, Лауда бил погребан на гробиштата Хајлигенштетер Фридхоф, облечен во тркачкото одело на „Ferrari“ што го носел од 1974 до 1977 година.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk