Ева Лонгорија вчера пристигна во Кан, каде што се одржува 79-то издание на Канскиот филмски фестивал. За еден ден промени две изданија кои ги навестуваат нејзините нови модни спектакли на овогодишната манифестација.
Актерката и продуцентка Ева Лонгорија најпрво се појави во провокативен бел фустан и со својот стајлинг предизвика вистинска сензација во Кан, за вечерната забава организирана во рамките на Канскиот фестивал да облече свечена долга тоалета со светки. Струкот е нагласен, кројот ја следи линијата на телото, а потоа благо се шири при дното и завршува со краток шлеп.
Изрезот на градите го насочува вниманието кон деколтето, а Лонгорија е вистински љубител на вакви фустани. Таа има цела историја на провокативни модни изданија од Кан, а синоќа, освен со добро познатиот стил, привлече погледи и поради младешкиот изглед, па на многумина им е тешко да поверуваат дека има 51 година.
Ева го прослави 51-от роденден пред два месеци, па се коментира дека сега изгледа дури и поубаво отколку во петтата деценија.

Ја видовме со една од нејзините омилени фризури и раскошен накит, кој блескаше заедно со светкавите детали.
Ева, која е висока 154 центиметри, често избира максимално долги тоалети. Фустанот што го носеше синоќа се влечеше по подот, но не ја „проголта“, за што сигурно се заслужни и високите потпетици што ги носеше, како и самиот крој на моделот, кој во најголем дел е тесен, додека пошироките делови не се пренагласени.

Актерката изгледаше како прекрасна џебна Венера, додека друштво ѝ правеше сопругот Хозе Антонио Бастон, со кого и претходните години присуствуваше на фестивалот. Како што покажува снимката, сопругот на холивудската актерка пристигнал во Кан со повреда на раката, но тоа не го спречило да ја придружува на гала-забавата.
Ева од 2015 година е во брак со Хозе Антонио Бастон, со кого го има синот Сантијаго. Актерката во 2009 година се појавила на хуманитарната акција на мексиканскиот „Teleton“, што се емитувала на каналот „Televisa“, чиј извршен директор бил никој друг туку Хозе Антонио Пепе Бастон (57). Тогаш срдечно се поздравиле и тука завршило сè, а Ева во тоа време била во брак со поранешниот кошаркар Тони Паркер.
Две години по разводот од Паркер, со кого се венчаше во 2007 година, повторно го сретнала Бастон. Тогаш ги споил заеднички пријател и хемијата меѓу нив пламнала во секунда, пишува „Hola“.

Актерката со месеци ја криела романсата од јавноста, па со Бастон дебитирала на црвениот тепих во Мексико Сити. Се венчаа во декември 2015 година, а две години подоцна го добија синот Сантијаго Енрике.
Ева зад себе има и брак со актерот Кристофер Тајлер, за кого се омажи во 2002 година во Лас Вегас, а се разведе две години подоцна. Бракот со Паркер беше завршен наводно поради неговите неверства.

Хозе Бастон е роден во Мексико Сити, а од 2011 година е извршен директор на „Grupo Televisa“, најголемиот медиумски конгломерат во Латинска Америка, кој ги произведува и славните теленовели. Тој е член на управниот одбор на телевизиската мрежа „Univision“.









