[ФОТО] Цел регион гледа во нереалната венчаница на оваа невеста од Црна Гора: Милица не сакала ништо помалку од спектакл, раскошната креација го изненадила и младоженецот

Точка

21/05/2026

19:50

1.107

Големина на фонт

а а а

Венчаницата е најважниот фустан на секоја девојка, главен момент на венчавката и парче облека што носи посебна тежина и емоции бидејќи се носи – само еднаш. Затоа за многу жени е важно да се избере вистинската.

А убавата Милица од Црна Гора се одлучила за романтична креација во која изгледала како принцеза од бајка. И не само тоа... Овој уникатен модел неодамна „прошета“ на Париската недела на висока мода, каде што и го забележала.


Седумгодишната врска Милица (Марковиќ) Дроњак и нејзиниот избраник Стефан ја крунисале на најубав можен начин – со венчавка од соништата. Судбоносното „да“ го изговориле на 17-ти мај во Црна Гора. Млади, вљубени и подготвени за ново животно поглавје, позирале на плажа покрај вилата Милочер, со поглед кон бисерот на јужниот Јадран, Свети Стефан. Но, венчавката од соништата ја одбележало уште нешто - венчаница која не наликува на ниту една што досега сме ја виделе.


„Сакав обична бела венчаница со изрез во долниот дел и долг вел. Не прифаќав ништо друго, сè додека не ја видов оваа. Сè останато го организиравме тематски врз основа на неа“, објаснува Милица и додава дека младоженецот не знаел ништо за венчаницата сè додека не ја видел пред олтарот.

Интересниот фустан беше претставен во рамките на Неделата на висока мода во Париз за сезоната 2026/2027, на ревијата на брендот „Frida Xhoi & Xhei“, одржана во холот на луксузниот хотел „Shangri-La“.


Горниот дел го сочинува корсет со изрез по средината, додека широкиот раскошен долен дел со набрани делови и долг шлеп потсетува на старинските модели со кринолини. Целата креација била украсена со апликации од рози и друго цвеќе во нежни нијанси, а истите мотиви биле вметнати и во долгата коса на невестата.

Некои велат многу креативно, бескрајно романтично, некој би рекол и екстравагантно, но пред сè оригинално и – целосно различно.