Фиксна цена на струја 2 години: Како компаниите да обезбедат стабилност и пониски трошоци во време на неизвесен пазар?

Макфакс

28/05/2026

10:50

244

Големина на фонт

а а а

Во услови на нестабилност на цените на електричната енергија на европските берзи, компаниите се соочуваат со предизвик како да ги контролираат трошоците. ЕДС претстави понуда за фиксна цена на струја со траење од две години, која им овозможува стабилност и предвидливост на цените, како и можност за значителни заштеди.

Во услови кога цените на електричната енергија на европските берзи повторно покажуваат нестабилност, а компаниите сè потешко ги планираат своите оперативни трошоци, сигурноста и предвидливоста стануваат подеднакво важни како и самата цена. Токму затоа, ЕДС неодамна ја претстави својата нова понуда за компаниите – модел на снабдување со фиксна цена на електрична енергија во период од две години, што во моментов претставува единствена ваква понуда на пазарот.

Со оваа понуда, компаниите добиваат можност две години однапред да ги планираат своите трошоци за електрична енергија, без ризик од ненадејни пазарни промени и ценовни шокови.

Од компанијата потенцираат дека стабилноста на понудата се темели на долгогодишното искуство на ЕДС во трговијата и снабдувањето со електрична енергија, како и на поддршката и регионалната инфраструктура на PPC Group – една од најголемите енергетски групации во Југоисточна Европа.

Дополнителна вредност на понудата е што компаниите можат да остварат и значителни заштеди на сметките за електрична енергија, и до 40 проценти, во споредба со останатите модели на снабдување.

Покрај фиксната цена за период од 2 години, клиентите кои ќе склучат договор со ЕДС добиваат и дополнителна вредност преку избор на подарок – инвертер клима уред или електричен тротинет.

„Денес компаниите не бараат само пониска цена – тие бараат сигурност и стабилност. Со оваа понуда сакаме да им овозможиме токму тоа: предвидливост на трошоците, стабилно снабдување и партнер на кој можат да се потпрат во време на неизвесност,“ изјави генералниот извршен директор на ЕДС, Александар Сарџовски.

Од ЕДС велат дека интересот за понудата е значителен, особено кај компании кои сакаат да избегнат ризици поврзани со идните движења на цените на електричната енергија и навремено да обезбедат стабилни услови за своето работење.