Слатко задоволство со горчлива цена – почнаа да се продаваат цреши на парче

Денар

27/05/2026

13:25

1.104

Големина на фонт

а а а

Цреши – по парче. Една за два денара. Звучи како шега, ама не е. На некои пазари веќе не се купува килограм, туку се бројат плодови, како да се ситни бомбони, не овошје.

Утринската гужва на тезгите изгледа исто како и секоја година, ама разговорите се сменети. „Колку е килото?“ – прашува купувач. Продавачот кажува цена, па следува кратка тишина. Поглед, па насмевка што не е баш насмевка. „А може на парче?“ И може. Сѐ може кога паричникот не може да издржи.

Црешите оваа сезона се луксуз. Цените одат нагоре, а навиките се менуваат надолу. Луѓето не се откажуваат целосно, само се прилагодуваат. Купуваат пет, десет, максимум дваесет. За вкус. За дете. За мерак, колку да се каже дека се пробало.

Продавачите велат дека ова не е прва ваква година, ама ретко било толку изразено.


„Луѓето порано земаа по килограм, сега прашуваат дали може за 20 денари да им одделиш неколку,“ вели еден од нив, додека внимателно реди сјајни, темноцрвени плодови. „Не можеш ни да им се лутиш… и ние сме купувачи на други места“.

Причините се познати, ама последиците се чувствуваат на секој чекор. Производството поскапе – од ѓубрива до работна рака. Времето не беше наклонето, а кога ќе потфрли родот, цената веднаш реагира. Транспортот, пакувањето, маржите… сѐ се реди едно врз друго, и на крајот, црешата стигнува до тезга како нешто што не секој може да си го дозволи.

Познавачи на пазарот велат дека овошјето одамна не е тоа што било – основна намирница. Се претвора во „сезонско задоволство“, нешто што се купува повремено, не редовно.

„Кога ќе дојде до тоа да броиш цреши наместо да мериш килограми, тоа значи дека куповната моќ паднала повеќе отколку што сакаме да признаеме“, објаснува еден економски аналитичар.

Остатокот од текстот прочитајте го на следниот ЛИНК.