Новак, Швајни и Бибер ги носат најмодерните панталони што или ги обожавате или ви се ужасни: Дали би ги носеле?

Супермен

02/06/2026

18:09

576

Големина на фонт

а а а

Промените во машката мода во последните години јасно покажуваат дека класичните „строги“ кроеви полека се повлекуваат пред поудобни и порелаксирани силуети.

Она што некогаш важеше исклучиво за лежерен избор, денес станува дел од високата мода и спортската елеганција, па широките кроеви сè почесто се гледаат и на црвените килими и надвор од спортските терени.

Токму таквиот тренд го потврди и Новак Ѓоковиќ, кој на својот Инстаграм профил споделил фотографии од „Club Lacoste“ со опис „Bday with Lacoste family“ (Роденден со Лакост семејството). Иако поводот бил роденденско дружење, вниманието на обожавателите најмногу го привлекол неговиот моден избор — широките панталони кои јасно го следат актуелниот пресврт во машката мода.


Овој модел на панталони сè повеќе станува заштитен знак на новиот бран машка елеганција, во кој се брише границата меѓу спортскиот и софистицираниот стил. Некогаш доминантните тесни кроеви сè почесто им отстапуваат место на рамните и широки силуети, кои изгледаат порелаксирано, но истовремено и помодерно.

Сличен модел на панталони неодамна носел и Бастијан Швајнштајгер, а за панталоните на Џастин Бибер од црвениот килим долго се зборуваше. Тој спој на спортска естетика и „luxe casual“ пристап станува еден од клучните трендови во машката мода.


Широките панталони денес лесно се вклопуваат во различни стилови — од патики и поло маици, до мокасини, сакоа и „оверсајз“ кошули. Модните експерти истакнуваат дека станува збор за крој што го означува крајот на доминацијата на тесните модели, кои ја одбележаа претходната деценија.


Особено се нагласува нивната универзалност: за разлика од тесните панталони, кои ја истакнуваат секоја линија на телото, широките кроеви делуваат порелаксирано, поелегантно и визуелно поскапо. Токму затоа сè почесто ги гледаме на модните писти, на улиците на модните метрополи, но и на спортистите кои сè повеќе го обликуваат современиот машки стил.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk