[ФОТО] Вака живее Јана (27) - „најскапата љубовница во светот“: За еден ден со неа шеикот плаќа и до 5.000 евра

Супермен

04/06/2026

15:05

1.942

Големина на фонт

а а а

Украинката Јана Орфева (27) веќе некое време важи за најскапата љубовница во светот, а за неа пишуваа многу светски медиуми, особено откако беше откриено дека шеикот ѝ дава вртоглави суми за да поминува време со него.

Јана и шеикот се во врска повеќе од пет години, а наводно тој дневно ѝ дава и до 5.000 евра. Ѝ ги исполнува и сите други желби, а целиот луксуз во кој ужива го покажува и на социјалните мрежи. На Инстаграм ја следат 194 илјади луѓе, а во описот на профилот пишува дека живее во Цирих.


Орфева речиси секојдневно споделува нови фотографии и открива каде патува, што купува и како го поминува слободното време. Така неодамна ги споделила и првите фотографии од синот, кој го родила минатиот месец. „13.05.2026. Добре дојде на свет, наша мала среќо. Мама и тато те чекаа многу долго“, напишала покрај фотографијата од бебето.


Јана, благодарение на високите приходи, инвестирала во недвижности низ Европа, а дел од парите ги троши на луксузни патувања, скапи модни комбинации, чанти и обувки, како и на луксузни автомобили. Дел од парите ги вложила и во својот физички изглед, па со текот на годините се подложила на неколку естетски зафати.



Фотографиите од нејзиното минато покажуваат колку се променила, а истите биле направени за време на нејзината кариера на избори за убавина.


Според наводите на странските медиуми и коментарите на социјалните мрежи, Јана го променила обликот на носот, ги зголемила усните, а ги променила и јаболчниците.


Некои забележале и промена на обликот на очите и претпоставуваат дека станува збор за „fox eye“ (естетска интервенцијата на аглите на очните капаци и нивно закосување).


Орфева привлекла внимание и со тоа што, откако ја започнала врската со шеикот ги отстранила речиси сите постари фотографии од својот Инстаграм профил. Меѓу нив биле и фотографиите со нејзиното семејство.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk