Студент отишол на еднодневен излет во Милано: „Поевтино е од еден типичен ден во Лондон“

Супермен

10/06/2026

11:50

330

Големина на фонт

а а а

Еден британски студент решил да направи необичен потег откако сфатил дека еднодневниот излет во Италија може да го чини помалку од типичен ден во Лондон.

Наместо да ги потроши парите за ноќно излегување во британската престолнина, Рис Кели резервирал евтин лет и го поминал денот истражувајќи го Милано. Целото патување, со повратен лет истиот ден, го чинело 115 фунти, или околу 133 евра.

Лондон е познат како исклучително скап град, особено кога ќе се земат предвид храната, шопингот и разгледувањето. Затоа 18-годишниот Кели нашол повратни летови за само 20 фунти, или околу 23 евра и поминал возбудлив ден во Милано. Од разгледување и возење велосипед до уживање во локална храна, тој максимално ги искористил своите 11 часа во италијанскиот град пред да се упати дома.


„Ова е еднодневно патување што не смеете да го пропуштите“, рекол студентот од Нотингем за „creatorzine.com“. „Ако сте на факултет, можете да го направите во текот на неделата. Тогаш е најевтино, а Милано е доста мал град, па помалку од 24 часа е доволно“. Тој додал дека можете да направите сè во еден ден: „Јадете пица, тестенини, сладолед и да го видите Дуомо“.

За да го реализира еднодневното патување во странство, Рис го користел „Skyscanner“ за да пронајде евтини летови од лондонскиот Хитроу до Милано, поаѓајќи рано наутро и враќајќи се доцна навечер. Откако слетал на аеродромот Малпенза, тој и неговите пријатели се качиле на воз до центарот на градот, каде што изнајмиле електрични велосипеди Дот за 5 евра за полесна обиколка на знаменитостите.

„Врвот на патувањето дефинитивно беше возењето велосипеди Дот бидејќи можевме да видиме голем дел од градот за кратко време. Имавме околу 11 часа да истражуваме пред да мора да се вратиме на аеродромот“, истакнал Рис.

Пица од 9 евра

Во текот на денот, Рис и неговите пријатели ги посетиле некои од најпознатите атракции во Милано, вклучувајќи ја и величествената катедрала Дуомо. Секако, ниедно патување во Италија не е комплетно без пица, која го чинела само 9 евра и била, како што рекол, „веројатно најдоброто нешто таму за таа цена“.


Исто така имале можност да посетат луксузни продавници како Прада, Стуси и Суприм во модната престолнина, а пред да се вратат на аеродромот, се почестиле со италијански сладолед. Иако неговиот конечен трошок од 115 фунти (околу 133 евра) не вклучувал шопинг, Рис бил повеќе од задоволен од потрошената сума и верува дека патувањето може да се организира и со помалку пари.

„Потрошив пари за Суприм, што не беше нужно. Реално, ако сакате да поминете што е можно поевтино, целото патување може да ве чини околу 60 фунти (околу 70 евра)“, нагласил тој.


Преглед на трошоците

Вкупните трошоци за патувањето вклучувале 23 евра за летови, 8 евра за патничко осигурување, 15 евра за воз и 5 евра за изнајмување велосипед. За храна и пијалаци, потрошил 16 евра за тестенини, 6 евра за смути, 2 евра за Фанта, 3 евра за чоколадо, 9 евра за пица и 4 евра за сладолед. Шопингот во Суприм го чинел дополнителни 50 до 60 евра.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk