Кошаркарите на Њујорк Никс издвојуваа драматична победа над Сан Антонио Спарс од 107:106 во четвртиот меч од финалната серија во НБА лигата.
Домаќините беа комплетно надиграни во првиот дел, на стартот на второто полувреме губеа и со 29 разлика (52:81), но од тука тргна неверојатниот кам-бек за кој ќе се зборува со години особено ако Никси го освојат трофејот во најсилната кошаркарска лига на светот што ќе биде нивен прв по 1973 година, резултат за кој потребна уште една победа (3-1).
Избраниците на Браун одиграа фантастино до самиот крај, а епскиот пресврт, најголем во историјата на финалињата беше комплетиран со кошот на Ануноби на 1.3 секунда до крајот.
Брансон и херојот Ануноби заедно искомбинираа 69 кошеви, додека Вембањама имаше дабл-дабл кај поразените од 24 поени и 13 скокови.







