Рафиња за играчот кој може да му донесе светска титула на Бразил: Тој е млад, ама…

Дерби

11/06/2026

11:32

257

Големина на фонт

а а а

Бразил е репрезентација со најмногу освоени титули на Светските првенства, но оваа јужноамериканска земја веќе повеќе од две децении нема пехар, а нема играно ниту финале.

Последната славна генерација на „кариоките“ е од 2002 година кога Роналдо, Роналдињо, Ривалдо, Кафу, Карлос, Жилберто Силва, Лусио…предводени од Сколари се изборија за пехар со славјето над Германија од 2-0 во Јокохама.

Бразилците и понатаму имаат квалитетни играчи, но има и доста прашалници, дилеми за тоа како функционираат како група, но сега тој проблем треба да го реши Карло Анчелоти.

Рафиња е еден од лидерите на овој тим, па тој е убеден дека тој или Винисис Жуниор се асови кои можат да го однесат Бразил до самиот крај на мундијалот.

- Вини е млад, но поради своето искуство и достигнувања може да реши меч на Светското првенство и да го донесе шестиот трофеј; се вклучувам и себеси во таа група.

- Пристигнавме добро подготвени. Мораме многу да го тренираме дефанзивниот дел. Ако се браниме добро, можноста за победа е многу голема. Ова натпреварување е кратко и опасно. Има малку време за организирање. Се обидуваме да се адаптираме и да стигнеме што е можно подобро за да не правиме грешки, - порача членот на Барселона.