Небојша Симиќ со години е еден од најдобрите голмани во Бундеслигата, ас кој скоро една деценија е во Мелсунген, тим на кој пред некое време со супер изданија му донесе историски европски трофеј и тоа оној во Лига Европа (Европската лига на ЕХФ).
Црногорецот е познат по својата енергија, емоција која не ја крие на теренот и кога е во ритам тогаш противниците се навистина во проблеми.
Тој во минатото беше поврзуван со Вардар, ама никогаш не дојде до трансфер во „црвено-црните“, нешто за кое жали затоа што смета дека заедно со навивачите би направиле страшна атмосфера во „Јане Сандански“.
- Двапати ме бараа од Вардар. Првиот пат уште кога бев во Ловќен, но тогаш бев навистина потценет, добив понуда за некаков стипендиски договор. Вториот пат ме викаа кога Банда дојде да брани (Дејан Милосављев) но тогаш веќе настапував во врвна форма во Мелсунген и го продолжив договор. Навистина ми е жал што ништо од ова не се оствари, зашто ако се залетав кон оние 6.000-7.000 навивачи сигурно ќе се урнеше кровот од салата“, кажа Симиќ во поткастот на „Балкан Хендбол“.







