[ВИДЕО] Златан Ибрахимовиќ го изненадил целиот Балкан, открил за кого навива на Светското првенство – не ја спомнал БиХ

Супермен

12/06/2026

17:17

986

Големина на фонт

а а а

Легендарниот шведски фудбалер Златан Ибрахимовиќ отпатувал на Светското првенство во Северна Америка, каде што „Fox Sports“ го ангажирал како стручен коментатор.

Поранешниот шведски фудбалер ужива во новата лога.

Во воведното обраќање, Ибрахимовиќ ја избрал групата Л како најинтересна, а потоа открил и за кого ќе навива на Светското првенство.

„Ја избирам групата Л. Таму е Англија, ќе видиме дали фудбалот се враќа дома. Потоа Хрватска, моите корени се оттаму, па затоа навивам за Хрватска на ова Светско првенство. Гана е полна со таленти и навистина ме интересира како ќе се претстави. Што се однесува до Панама, мислам дека тие ќе бидат вреќа за полнење во оваа група“, рекол Ибрахимовиќ.

Неговите зборови за Панама предизвикале и интересна реакција од Тјери Анри, кој бил покрај него.

Секако, Ибра сигурно ќе ја поддржува и селекцијата на Шведска, бидејќи таму пораснал и станал рекордер со 62 гола на 122 натпревари. Од друга страна засега не ја спомнал Босна и Херцеговина.

Инаку мајката на Златан Ибрахимовиќ е Хрватка, Јурка Гравиќ од околината на Задар, а неговиот татко, Шефик Ибрахимовиќ е од БиХ.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk