[ФОТО] Жешката Албанка ужива на меден месец: Танга-бикинито ги „запали“ мрежите, сопругот не се одвојува од неа

Точка

15/06/2026

19:46

1.192

Големина на фонт

а а а

Пејачката со албанско потекло, Дуа Липа, го изговори судбоносното „да“ најпрво во Лондон, а потоа и на Сицилија.

Заедно со својот сопруг, Калум Тарнер во последно време привлекува големо внимание, а најновите папарацо-фотографии покажуваат и како „новопечените“ младенци го поминуваат медениот месец.

Тие двајцата и понатаму се во Италија, а како што пишува „Page Six“, моментално уживаат на Амалфискиот брег. Во еден момент папараците ги фатиле во многу интимно издание.



Дуа, која носела оскудно танга-бикини, изгледала како да не може да се одвои од својот сопруг додека се опуштале во водата.




Папарацо-фотографиите брзо се проширија на социјалните мрежи, но тоа не помогна жителите на Палермо да го заборават гневот што пејачката го предизвика кај нив поради „опсадната состојба“ која настана кога решила својата свадба да ја организира токму таму.


Инаку шпекулациите за врската на Дуа Липа и Калум Тарнер почнаа во 2024 година, а веќе во 2025 година пејачката призна дека е свршена.