Доста се очекува од Јувентус во овој летен преоден рок, но засега е мирно иако има шпекулации за потенцијални засилувања за италијанскиот великан.
Едно од имињата кое се поврзува со преселба во Торино е аргентинскиот репрезентативец Емилијано Мартинез. Тој има договор со Астон Вила до 2029 година, но ако стигне соодветна понуда не би требало да има пречка да се реализира овој трансфер.
Дино Ѕоф е голема легенда на „старата дама“ и како ас кој своевремено беше меѓу најдобрите светски голмани даде свое мислење за тоа дали Еми е она што му е потребно на калчолигашот.
- Во Јуве резултатот е важен и играчите се слободни да прават што сакаат на теренот, сè додека придонесуваат за каузата. Не е важно дали голманот е ексцентричен или срамежлив: сè додека знае како да спасува како што Бог заповеда. Аргентинецот покажа дека знае како да го прави тоа во Премиер лигата и за својата репрезентација. Тој ме возбудува, - порача Ѕоф.







