Во групата во која апсолутен фаворит е Аргентина, исклучително важно за Австрија беше да почне со победа на мундијалот во САД, Мексико и Канада, а избраниците на Ралф Рангник се изборија за такво нешто на доста тежок, но заслужен начин.
Кончените 3:1 не го отсликуваат она што реално се случуваше на теренот, бидејќи селекцијата на Јордан во голем дел од средбата беше рамноправна, а одржуваше и поволен резултат до 76-та минута.
Натпреварот беше отворен со мајсторија на Шмид по низа кратки додавања од Австриските фудбалери, а неговиот гол во 21-та минута ја направи главната разлика во првиот дел.
Второто полувреме почна со историски гол за Јордан на Светските првенства, погодок кој беше дело на Али Олван по пет минути игра во продолжението.
Ова ја принуди Австрија да бара различни начини да го загрози противничкиот гол, па по еден прекин во 76-та минута, следеше автогол на Ал Араб.
Австрија го врати водството и можеше помирно да дише, а после исцрпувачки меч кој траеше 102-минути, Арнаутовиќ ги постави конечните 3:1 од белата точка во самата завршница.











