Хрватска и Англија вечерва го играат дербито на денот на Светското првенство, а бидејќи станува збор за две селекции кои добро се познаваат, двајцата стручњаци немаат што многу да кријат во пресрет на дуелот во Тексас.
Патиштата на Хрватска и Англија се вкрстија на мундијалот во 2018-та година и на Европското првенство три години подоцна, а судбината сега посака повторно да бидат во иста група на Светското првенство, откако претходно играа два дуели и во Лигата на нации.
Поискусните англиски репрезентативци се добро запознаени со квалитетите кои ги поседува хрватскиот капитен, Лука Модриќ, но ако добие шанса, Коби Мејну за прпват ќе има можност да игра против еден од најдобрите играчи во средниот ред во поновата фудбалска историја.
– Додека играше за Реал Мадрид и Тотенхем, Модриќ беше еден од најдобрите играчи во светот. Така беше и кога ја освои „Златната топка“. Лудо е што ќе имам шанса ад играм против него.
– Слушав какви работи говореше Касемиро за него и ми стана јасно колку го почитува. Касемиро многу ми зборуваше за квалитетот кој го поседува Модриќ, исто какошто ми зборуваше и за Тони Крос. Очекувам тежок натпревар против него, би било лудо да се соочам со него, – изјави Мејну.







