Томас Тухел најави дека не планира да ја пее англиската химна уште на промоцијата која ја имаше во оваа репрезентација, а таквиот став останува ист и за првиот настап кој ќе го има на Светско првенство.
Тухел за првпат ќе води една национална селекција на мундијал, па бидејќи станува збор за европско дерби против Хрватска, новинарите од Островот сакаа да дознаат дали можеби Германецот ја променил својата иницијална одлука.
Кога се претставува земјата на најголем светски настан, обично химните се пеат во еден глас, но Тухел како странски тренер во Англија засега се уште се држи до својот почетен став.
– Сè уште не сум дошол до фаза да ја пеам англиската химна. Можеби ќе го променам мислењето ако стигнеме до крајот на турнирот. Не сакам никого да навредам и не сакам фокусот да се префрла на тоа.
– Во суштина, се чувствувам како дома во Англија. Почнав да велам „се враќам дома“ кога летам за Лондон и навистина ја чувствувам Англија како своја. Засега нема да ја пеам химната, но ќе видиме дали ќе ми помине срамот до крајот на Светското првенство, – изјави Тухел.







