Таа секогаш има причина да се соблече: Кралицата на провокацијата ги покажа и градите и задникот

Точка

17/06/2026

23:00

612

Големина на фонт

а а а

Емили Ратајковски повторно ги вжешти социјалните мрежи со серија објави на кои позира во бикини, но и во впечатливи модни комбинации. На Емили не ѝ е потребно многу за да предизвика лавина од реакции.

Манекенката Емили Ратајковски неодамна го привлече вниманието на јавноста кога отворено зборуваше за разводот и животот по него. Таа сподели детали за предизвиците со кои се соочила како самохрана мајка, како и за искуствата што ги имала по завршувањето на бракот.

Нејзините изјави предизвикаа бројни реакции – дел од јавноста ја поддржа, додека други беа покритични кон нејзините ставови. Сега, Емили повторно е во центарот на вниманието поради фотографиите од својот одмор.

Додека ужива на својата омилена дестинација – Мајорка, таа позираше во бикини и во впечатлив црвен мрежест фустан кој привлекол големо внимание на нејзините следбеници.

На речиси секоја објава акцентот е ставен на нејзиниот моден стил и изглед, што не е изненадување кога станува збор за една од најпознатите светски манекенки. Емили објави и нови фотографии со препознатливите пози кои со текот на времето станаа дел од нејзиниот заштитен знак.

Сепак, дека не е сè секогаш совршено, покажа и на последното видео кое го сподели. На снимката може да се види како за малку ќе изгубела рамнотежа на карпа додека се обидувала да заземе поза за фотографирање. За среќа, ситуацијата завршила без последици.