„Еден ден ќе бидеме момче и девојка“, ѝ порачал кога имал девет години: Меси ја има најубавата љубовна приказна меѓу фудбалерите

Супермен

17/06/2026

19:48

607

Големина на фонт

а а а

Лионел Меси, аргентинскиот фудбалер и еден од најдобрите играчи на сите времиња, продолжува да реди успеси и на Светското првенство во 2026 година. Иако го бодрат навивачи од целиот свет, неговите најголеми поддржувачи се сопругата Антонела Рокуцо и семејството што го изградија заедно.

Последниве неколку години парот живее во Мајами, каде што Меси настапува за тамошниот Интер Мајами. По долгите години поминати во Европа, тие уживаат во новиот почеток заедно со своите синови Тијаго, Матео и Чиро.

Љубовната приказна на Лео Меси и неговата избраничка Антонела е една од најпознатите во светот на фудбалот, а започнала уште во нивното детство.


Тие се познавале уште од мали нозе, кога Меси се дружел со братучедот на Антонела, Лукас Скаља, па често се гледале уште од неговата петта година. Денес на социјалните мрежи можат да се пронајдат многу нивни фотографии од детството, кога биле пријатели и не ни сонувале што им подготвува животот.


Откако фудбалерот ја напуштил Аргентина за да тренира во Барселона, брзо сфатил дека не може да го замисли својот живот без Антонела. Впрочем, отсекогаш бил вљубен во неа, а кога имал девет години ѝ напишал емотивно писмо во кое ѝ порачал:

„Еден ден ќе бидеме момче и девојка“.


Во тинејџерските години уште повеќе се зближиле откако најдобрата пријателка на Антонела загинала во 2005 година. Таа паднала во депресија, а Меси давал сè од себе за да ѝ биде поддршка и повторно да ѝ ја врати насмевката на лицето.

Во тоа време таа имала момче, но одлучила да го остави и да му даде шанса на својот долгогодишен пријател Лео.


„Ме остави, но барем не ме остави поради некој старец. Ме остави поради Меси!“ речиси гордо изјавил поранешниот на Антонела во 2010 година, зборувајќи за раскинувањето.

Инаку Антонела во еден момент му се придружила на Меси во Шпанија, каде што се запишала на факултет, а во 2017 година се венчале во нивниот роден град Росарио. Набргу потоа се родиле и нивните синови, а семејството го следело фудбалерот и во Франција, каде што настапувал за Пари Сен Жермен. Потоа, во 2023 година се преселиле во Мајами.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk