Мурињо со прво интервју како тренер на Реал: Дојдов за да помогнам, а не да критикувам

Дерби

24/06/2026

12:17

1.155

Големина на фонт

а а а

Жозе Мурињо беше официјално потврден како нов тренер на Реал Мадрид откако Флорентино Перез победи на претседателските избори, а сега во период кога се подготвува за втората етапа во „кралскиот клуб“, искусниот Португалец го направи и првото интервју како нов предводник на најтрофејниот клуб во Европа.

„Специјалниот“ се враќа за да ја одработи втората етапа на „Сантијаго Бернабеу“ и тоа ќе го прави со голема чест, бидејќи за него не постои поголем и поспецијален клуб од Реал на сите страни ширум светот.

Во ексклузивното интервју за „Ванити Фер“, Мурињо не се гледа себеси како „избран од Бог“, но дефинитивно се смета себеси за тренер кој е еден од оние кои ги одбележаа последните 20 години во светскиот фудбал.

– Не сакам да кажам дека јас сум избраниот од Бог, но дефинитивно сум еден од тренеите кои го одбележаа фудбалот во последните две децении.

– Историјата на Реал Мадрид не може да се спореди со ниту еден друг клуб во свеотт. Белиот дрес има нешто магично во себе, кога зборувате за Реал Мадрид, зборувате за историја и за наследство кое му е оставено на фудбалот, – вели Мурињо.

Многумина гледаат на Жозе како човек кој треба да го подигне гласот и да решава големи проблеми во соблекувалната на Реал, но сега самиот тој вели дека пристигнува за да слуша, а не за да критикува.

– Не е време за критика, време е за слушање. Дојдов за да помогнам, а не за да критикувам. Мбапе? Тој е феноменален играч и ќе се обидам да му помогнам да стане уште подобар со текот на времето, – вели Мурињо.