[ФОТО] „Пред ваков борец, човек останува без зборови“: Единствената преживеана од падот на настрешницата во Нови Сад која остана без нозе, положи возачки испит

Точка

24/06/2026

14:16

912

Големина на фонт

а а а

Теодора Мартинко, единствената преживеана од падот на бетонската настрешница на Железничката станица во Нови Сад, го положила возачкиот испит, објави нејзината автошкола.

Автошколата во која Теодора го положи возачки испит на својот Инстаграм профил објави нејзина фотографија со порака: „Особено убав кандидат и една од причините зошто ја сакаме оваа работа. Се разбира, сѐ од прва. Секоја чест Теодора, со среќа“.


Потоа граѓаните во коментар оставија и пораки со поддршка за Теодора.

„Пред ваков борец човек останува без зборови... Ти го посакувам најдоброто, убава Теодора! Секогаш имај таква насмевка и животот да ти даде сѐ што ќе посакаш", вели еден корисник на апликацијата Инстаграм.

„Прекрасна насмевка на големо и храбро девојче! Честитки од дното на моето срце за положувањето на испитот, нека ти биде среќен секој километар! Ти си инспирација за сите нас. Браво!“, вели друг корисник.

„Драга Теодора, инспирираш големо восхитување. Имаш прекрасна насмевка и огромна сила што зрачи“, додале луѓето во коментари.

Теодора Мартинко (24) од Кисач, млада мајка и студентка на Медицинскиот факултет во Нови Сад, беше единствената преживеана од падот на бетонската настрешница на Железничката станица во Нови Сад на 1 ноември минатата година.


Тој ден починаа 14 лица, меѓу кои и две деца. По малку повеќе од две недели, почина уште една жена, а четири и пол месеци подоцна, бројот на жртви скокна на 16, кога и Вукашин Црнчевиќ (19) почина поради компликации на Воено-медицинската академија.

За среќа, Теодора преживеа, но со тешки последици од сериозните повреди. Таа беше во опасност шест месеци, а двете нозе и дел од карлицата ѝ беа ампутирани.