Цепелинот во режија на Митревски и Манасков е гол на сезоната во ЛШ

Дерби

24/06/2026

14:52

574

Големина на фонт

а а а

Крајот на Ф4 турнирот во Лигата на шампиони го одредува новиот првак и идниот владетел во наредните 12 месеци, но исто така, ова време се користи за да се издвојат потезите кои ја одбележаа сезоната.

Македонија и оваа година имаше свој претставник во најелитното натпреварување и тоа беше екипата на Еурофарм Пелистер, а иако битолчаните не стигнаа предалеку, неколку играчи се издвоија со извонредни партии на најсилно ниво.

Тоа пред се важи за капитенот Филип Кузмановски и за Дејан Манасков, со тоа што овој вториот сега доби и навистина големо признание од ЕХФ.

Неговиот цепелин против Барселона е избран за гол на сезоната во Лигата на шампиони, не само поради атракцијата која ја изведе, туку и поради фактот што асистент беше голманот Митревски.

Топката патуваше по речиси цел терен, а Деки режираше цепелин кој уште долго ќе се врти на најавните шпици за Лигата на шампиони….