Тошковски: Претседателот на младината на Левица беше уапсен затоа што на 14 и 16 годишни деца им се обраќал со зборот „убијци“, а не затоа што веел знаме

Макфакс

24/06/2026

15:30

568

Големина на фонт

а а а

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски објасни дека претседателот на младината на Левица бил уапсен поради неприфатливо однесување кон малолетни деца, а не заради вење на туѓо знаме на јавен собир.

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, на денешната собраниска седница обзнани факт за апсењето на претседателот на младината на политичката партија Левица, и дека не бил уапсен затоа што веел знаме на туѓа земја, туку затоа што на малолетни лица им се обраќал со зборот убијци. Тој кажа дека ова е факт кој досега не бил изнесен во јавноста.

„Не е точно дека е уапсен претседателот на младината на Левица, заради тоа што веел некакво знаме. Претседателот на младината на Левица е уапсен е заради тоа што на дечиња од 14 и 16 години, кои што играле фудбалска утакмица, им се обраќал со зборот „убијци“, рече Тошковски и додаде:

„Вашиот претседател на младина им се обратил со зборовите убијци, на фудбалски натпревар. И сега што треба направи полицијата? Фризурата да му ја направи? Или требало да го отстрани од стадионот на којшто присуствувал и се однесувал така како што се однесувал“.