[ФОТО/ВИДЕО] Израснале во вистински „фраери“: Синовите на Бритни Спирс дебитираа на Модната недела Париз

Супермен

01/07/2026

09:52

633

Големина на фонт

а а а

Синовите на Бритни Спирс, Џејден (19) и Шон (20), го остварија своето ретко заедничко појавување на Модната недела во Париз. Децата на поп-ѕвездата дебитираа на Париската модна недела само еден месец откако Џејден се појави на модна ревија во Лос Анџелес.

Децата на 44-годишната пејачка, Шон Престон Федерлајн (20) и Џејден Џејмс Федерлајн (19), се појавија на Неделата на машка мода во Париз, откако беше објавено дека двајцата заедно ќе го направат своето „модно деби на писта“ за време на повеќедневниот настан во странство.


Синовите на Бритни чиј татко е Кевин Федерлајн се прошетаа на ревијата на брендот „Vetements“ на која беше претставена машката колекција за пролет/лето 2027 која се одржа во петок, 26 јуни, покажувајќи дека се подготвени за сцената како и нивната мајка.

Шон носел сатенски блејзер-мантил со фармери, кошула и кравата, додека Џејден се прошетал во фармерки со кожен ремен и бела маичка без ракави.


Нивното појавување доаѓа еден месец откако Џејден присуствувал на „Dior Cruise“ ревијата во Лос Анџелес, одржана на 13 мај. На настанот на кој присуствувале бројни познати личност, вклучувајќи ги Мајли Сајрус и Сабрина Карпентер, Џејден се појавил во едноставен, но стилизиран аутфит: темнозелена јакна под која носел карирана кошула во комбинација со фармерки.


Ова доаѓа во период кога се појави веста дека Бритни самата отишла во институција за лекување, откако била уапсена под сомнение дека возела под дејство на дрога и алкохол на 4 март во Калифорнија.

Извор за магазинот „People“ изјавил дека синовите имале „голема улога“ во нејзината одлука да отиде на лекување.


„Беше многу вознемирена и потресена по апсењето. Исто така се ужаснува од затворите. И беа потребни недели за да сфати дека одењето на рехабилитација е најдобрата опција“, истакнал изворот.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk