Морган Ридл стана позната како девојка на тенисерот Тејлор Фриц, а неодамна се осврнала на сите тие години поминати со спортистот.
Инфлуенсерката и тенисерот беа во врска околу шест години, а неодамна се дозна дека раскинале. Како што рекла во текот на тие години, таа не сакала тенисерот да ја издржува.
„На почетокот од врската, имаше еден момент кога тој рече: „Па, треба само да дадеш отказ од корпоративната работа“, рекла Ридл за време на гостувањето во поткастот „Hot Smart Rich“.
„И реков: „Ќе го направам тоа, но морам да смислам нешто друго со што ќе се занимавам“, додала таа.
Иако Фриц истакнувал дека може и сака да се погрижи за сè, Морган не сакала такво партнерство.

„Реков: „Мислам дека тоа не е добра идеја.“ Бидејќи имам видено други партнерки на турнеите во таква ситуација и го губите чувството на слобода. Секогаш ми беше многу важно да бидам независна“, раскажала инфлуенсерката.
И додека Ридл често можеше да се види во ложата на Фриц за време на неговите тениски натпревари, зад кулисите се случувале многу работи.

„Одев во музеи, пазарував, посетував винтиџ продавници. Постојано одев на патувања со моите пријателки. Ми требаа пари за да одам на патување со моите пријателки на Ибица. Не сакав него да го прашувам за тоа“, рекла Морган.

Модната инфлуенсерка смета дека нејзиниот живот не би бил толку исполнет доколку Фриц бил единствениот што финансиски придонесувал во нивната врска.

„Да не ги заработив сопствените пари, дали ќе ги имав сите тие патувања со моите пријатели? Дали ќе можев да си ги дозволам тие искуства и да не се чувствувам виновна ниту за момент затоа што тоа беа мои пари?“, додала инфлуенсерката.

Иако признала дека некое време финансиски се потпирала на Фриц, не ѝ се допаѓала напнатоста што тоа го предизвикало во нивната врска. Инаку поради нејзината голема популарност, Морган еден период беше нарекувана најпопуларната жена во машкиот тенис.