Видео од Скопје прикажува маж кој плови на душек по поплавена улица по силното невреме што го зафати главниот град. Поплавите предизвикаа хаос и реакции на социјалните мрежи, додека градот се бори со последиците од невремето.
Пресврт во Скопје по силното невреме
Видеоснимка направена по силното невреме што денеска го зафати Скопје прикажува несекојдневна сцена на булевар „Србија“.
На снимката се гледа маж кој со душек запловил по поплавениот булевар.
View this post on Instagram
Видеото брзо се прошири на социјалните мрежи и предизвика бројни реакции кај граѓаните, додека делови од Скопје и понатаму се справуваат со последиците од силниот дожд, поплавените улици и сообраќајниот метеж низ главниот град.











