При претрес во Македонски Брод пронајдена дрога

Макфакс

04/07/2026

11:30

232

Големина на фонт

а а а

Во текот на претресот во Македонски Брод, полицијата пронајде марихуана, дробилка и дигитална вага при што едно лице беше лишено од слобода.

При претрес во Македонски Брод полициски службеници од ОВР Македонски Брод вчера пронашле дрога и лишиле од слобода едно лице, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Полициски службеници од ОВР Македонски Брод вчера во 20:45 часот во село Сланско, Македонски Брод, го лишиле од слобода  Г.М. (42) од Скопје.

-При претрес во домот во с.Сланско, по добиена наредба од Основен суд Кичево, била пронајдена марихуана, дробилка и дигитална вага со траги од марихуана – информираат од МВР.

По документирање на настанот, против Г.М. ќе биде поднесен соодветен поднесок.