Поставен камен-темелник за затворен базен во училиштето Ацо Шопов

Макфакс

04/07/2026

15:00

190

Големина на фонт

а а а

Премиерот Христијан Мицкоски присуствуваше на поставувањето камен-темелник за изградба на затворен базен во Основното училиште Ацо Шопов во Општина Бутел. Проектот има за цел да ги подобри условите за учениците и квалитетот на животот на локалното население.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на поставувањето камен-темелник за изградба на затворен базен во Основното училиште „Ацо Шопов“ во Општина Бутел. Според него, со доградбата на училиштето ќе се подобрат условите за учениците и ќе се зголеми квалитетот на животот на жителите од овој дел на Радишани.

„Со овие проекти полека, но сигурно обезбедуваме подобри услови за живот на граѓаните во сите општини низ државата. Тоа значи дека проектот ја постигнал својата цел“, изјави Мицкоски.

Тој нагласи дека Владата продолжува со реализација на започнатите проекти, додека за оние што досега не биле отпочнати се поставуваат камен-темелници и се воведуваат во работа.

Мицкоски најави дека веќе се размислува за продолжување на оваа иницијатива и во 2027 година, оценувајќи дека досегашниот модел се покажал како успешен.

„Од името на Владата можам да кажам дека остануваме посветени на реализација на проекти и на исправување на недостатоците што, за жал, се таложеа во минатото“, порача премиерот.