Селекторот на Норвешка: Халанд е машина, а Винисиус балерина

Дерби

05/07/2026

09:58

1.022

Големина на фонт

а а а

Стале Солбакен направи официјална најава на осминафиналето меѓу Норвешка и Бразил кое се игра вечерва во Њујорк, а додека го правеше тоа, не пропушти да направи споредба меѓу двете најголеми ѕвезди на двата тима.

Ерлинг Халанд го игра својот дебитантски мундијал и ќе даде се од себе да се задржи што повеќе, па иако Бразил влегува со фаворитска улога, „викинзите“ не планираат да се откажат така лесно.

Солбакен им ја предаде улогата на фаворити на „кариоките“, но привлече внимание и со компарацијата која ја направи меѓу Халанд и Вини.


– Ако редовно следите фудбал, многу брзо ќе сфатите дека Халанд е машина, а Винисиус балерина. Физичката сила на Халанд секогаш доаѓа до израз, додека Вини изгледа како балерина, тој игра со топката и уживање е да се гледа, – изјави Солбакен.

– Бразил влегува како фаворит во мечот, но не се супер фаворити како некогаш. Не можам да кажам колку се фаворити во проценти, но знам дека мораме да бидеме најдобри за да имаме било какви шанси за изненадување, – изјави Солбакен.