Килијан Мбапе мораше да ја сочува ладнокрвноста и да презентира неверојатна истрајност во дуелите со парагвајските фудбалери, не само поради битката која ја имаше на теренот, туку и поради провокациите кои мораше да се носи.
Францускиот капитен беше мета на неколку парагвајски фудбалери и вистинско чудо е како успеа да одолее на сите провокации, па токму тоа направи Мбапе да биде видно еуфоричен по последниот судиски свиреж.
Покрај тоа што испрати жестока порака за фудбалот кој го играа Парагвајците, Мбапе не ни сакаше да се поздрави со добар дел од нив, а прв го „олади“ голманот Орландо Хил.
Мбапе целосно го изигнорира и го остави голманот да виси со раката, по што капитенот на Французите доби и топка во грб.
– Вакви работи се дел од фудбалот. Јас му подадов рака, но тој не ми обрна внимание и се налутив. Сепак, не направив ништо посебно, ја фрлив топката кон него и се смирив. Парагвај е жилав тим, од првата минута им ставивме до знаење дека сме тука на теренот. Бевме цврсти и се осигуравме да немаат лесен проток на топка. Планот беше топката да помине, но не е и играчот. Таков е нашиот стил и секој има право да игра фудбал на различен начин, – изјави Орландо Хил кој беше херој на Парагвајците во пенал рулетот со Германија.








