Мбапе распали по Парагвајците: Мислеа дека ќе излеземе со смокинзи на теренот…..

Дерби

05/07/2026

11:56

591

Големина на фонт

а а а

Килијан Мбапе го постигна голот за победа на Франција од белата точка, па и покрај тоа што истиот се покажа како доволен за четвртфинале на Светско првенство, испровоцираниот француски капитен по средбата говореше и за теми кои му тежеа на срце.

Мбапе беше провоциран од парагвајските фудбалери во повеќе наврати и некако успеа да се исконтролира на теренот, но затоа по средбата не штедеше критики за Јужноамериканците и нагласи дека Франција докажала дека може да победи на меч на кој се игра грд фудбал.

– Парагвај не дојде да игра фудбал, дојдоа за валкани игри, но ние покажавме дека можеме да победиме и во такви услови. Ги победивме и бевме подобри од нив и во таков фудбал.

– Ако ни кажат да одиме по ѓаволите, и ние ќе им кажеме да одат по ѓаволите. Ако треба да си ги извалкаме рацете за победа, едноставно ќе го сториме тоа.

– Мислеа дека ќе се појавиме со смокинзи на теренот и ќе молчиме, но ние знаеме како да играме и валкан фудбал. Покажавме дека не сме само тим кој знае да напаѓа, знаеме да играме и ваков фудбал, – изјави капитенот на Франција.