Интер си купи нов голман од италијански ривал за само 3 милиони евра

Дерби

09/07/2026

13:43

291

Големина на фонт

а а а

Крајот на договорот на Јан Зомер јасно стави до знаење дека Интер ќе отвори ново поглавје на голманската позиција, од едноставна причина што спортскиот сектор процени дека е време за да им се даде шанса на нови имиња.

Хосеп Мартинез повремено добиваше шанса од Кристијан Киву изминатава сезона и имаше добра увертира за тоа што следи, односно новиот дуел кој ќе го има со новиот голман кој сега беше и официјално промовиран.

Интер нема јасна идеја за тоа кој ќе биде стартен голман во новата сезона, а самиот Киву ќе треба да донесе одлука дали ќе ротира, или ќе избере еден од Мартинез и Иван Проведел.

Проведел е изборот на Интер за пополнување на голманската позиција која ја остави празна Зомер, а бидејќи станува за искусен и докажан голман, навистина симболична е сумата која ја плаќа италијанскиот првак.

Лацио го продаде својот голман за 3 милиони евра, па откако Интер ја потврди зделката, му направи и прво интервју на 32-годишниот чувар на мрежата.

– Тешко е да се објаснат емоциите, јас сум фан на Интер од времето на Толдо. Навистина сум многу среќен што сега сум тука во клубот. Дојдов да му помогнам на тимот, стојам на располагање во било каква улога и сакам само да помогнам во остварување на зацртаните цели. Едвај чекам да ги запознаам новите играчи и новиот тренер, – изјави Проведел, кој има и прва порака за фановите на Интер.

– Првото што сакам да им го кажам е следно: Форца Интер! Ќе дадам се од себе и секој ден ќе се обидам да докажам дека заслужувам да ги бранам боите на клубот, – порача Проведел кој е познат во јавноста и по тоа што во досегашната кариера постигна два погодоци, еден против Асколи во Серија Б и еден против Атлетико Мадрид во Лигата на шампиони.